Кога ќе видите лалиња, знаете дека пролетта е на прагот. Овие цвеќиња не само што пленат со својот изглед и мирис, туку претставуваат и идеална декорација за домот.
Ставете букет лалиња на централно место, или некаде во трпезаријата и ќе постигнете совршен ефект во однос на декорацијата.
Лалињата одлично се вклопуваат во секоја средина и многу луѓе ги обожаваат, но за да траат подолго, треба да знаете како правилно да ги одржувате.
Кога ќе ги внесете лалињата во куќата, задолжително веднаш истурете ладна вода во вазната, за да биде свежа но не ја полнете до врвот. Тоа е првата грешка што ја правите.
Треба само да ја наполните вазната до висина од пет до 10 сантиметри и потоа да го вметнете букетот во неа.
Она што го знаат љубителите на лалињата е дека бараат многу вода, па затоа е постојано потребно да се додава нова вода. Сепак, тоа е веројатно местото каде што правите уште една грешка. Повеќето луѓе ја истураат старата вода, а потоа истураат нова вода, што може да предизвика побрзо венење на лалињата, а всушност треба само да додадете свежа вода. Запомнете, лалињата не сакаат свежа вода.
На лалињата им одговараат супстанци кои се наоѓаат во застојана вода, па затоа нема потреба да се истура старата вода Најдобро е повремено да додавате вода, бидејќи на овој начин овие цвеќиња ќе останат свежи подолго време.