Таа книга дополнително ги подгреа наводите дека принцот Едвард, помладиот брат на британскиот крал Чарлс III, бил безнадежно вљубен во Дајана и дека тајната за наводната љубов на принцот Едвард покојната кралица Елизабета Втора засекогаш ќе ја однесе во гроб.
Принцезата Дајана минувала низ пекол додека принцот Чарлс ја изневерувал со Камила и нивната врска на крајот заврши со развод. Тоа беше голем скандал во кралското семејство.
Во најтешкиот период од нејзиниот живот со Чарлс, најголемата поддршка и рамо за плачење на Дајана наводно ѝ бил принцот Едвард. Сега се тврди дека тој бил заљубен во принцезата Дајана, иако бил свесен дека таа љубов никогаш нема да се оствари. Не е познато дали принцезата Дајана кон него чувствувала нешто повеќе од пријателство, но факт е дека тие биле неразделни.
Набргу, како што се верува, принцот Едвард утеха нашол во Софи Рајс Џонс, со која се ожени. Нејзината физичка сличност со принцезата Дајана е впечатлива, како да се сестри. Според медиумите, поради неверојатната сличност со покојната принцеза Дајана, Софи не се појавила на погребот на Дијана за дополнително да не ја интригира јавноста.