Патиките на Џордан се најскапите во историјата, продадени на аукција за цена од 2,2 милиони долари

Патиките кои ги носел легендарниот кошаркар на Чикаго Булс, Мајкл Џордан се продадени на аукција за 2,2 милиони долари. Ова е рекордна цена за спортски патики.

„Ер Џордан 13с“ моделот патики, Џордан ги носеше на вториот натпревар од финалната серија во неговата последна сезона за Чикаго Булс.

„Рекордната цена за патиките докажува дека побарувачката за спортски сувенири од Мајкл Џордан ги надмина сите очекувања“, рече Брем Вахтер од аукциската куќа „Сотби“.

Интересно, Џордан го собори сопствениот рекорд, кога во 2021 година патиките кои ги носеше на почетокот на кариерата се продадени за 1.472.000 долари.

 

Scroll to Top