Лим Сију Гуан, 83 годишна жена од Малезија, починала откако пред десетина дена јадела риба од типот Lagocephalus sceleratus додека нејзиниот година дена постар сопруг е во критична состојба, пренесоа светските агенции.
Нивната ќерка Нг Аи Ли, потврди дека татко ѝ на 25 март ја купил рибата, која се смета за деликатес, но која пред да се изеде треба убаво да се исчисти.
Линг Тиан Сон, претседателот на Одборот за здравство во Јохор, за медиумите рече дека жената почнала да се тресе и тешко да дише, а сопругот почнал да покажува слични симптоми еден час подоцна.
„Причината за смртта беше наведена како труење со храна со невролошки манифестации што резултира со респираторна слабост со срцева аритмија“, се вели во соопштението, а пренесе британски „Сан“.
Ваквиот тип на риба се појави на Јадранот во 2012 година, пренесоа светските медиуми, додавајќи дека овие отровни суштество го добиле името по тоа што можат да се надувуваат како балони.
Рибата има 26 рода и вкупно 190 вида. Нејзината конзумација е забранета во земјите на ЕУ, но во Јапонија е гастрономски деликатес познат како фугу и за нејзина подготовка постои посебна процедура. Проблемот е што рибата содржи теродотоксин, исклучително силен неуротоксин кој може да предизвика парализа на нервниот и респираторен систем, а на крајот може да резултира и со смрт.
Од таа причина, јапонските готвачи им е дозволено да ја подготвуваат за гостите откако ќе положат испит. Се смета дека овој термостабилен отров е неколку пати посилен од цијанидот.
Минатата година Јаков Дулчиќ, раководител на лабораторијата за ихтиологија и крајбрежен риболов на Институтот за океанографија и рибарство во Сплит, рече дека оваа риба за прв пат била видена во близина на островот Јакљан кај Дубровник во 2012 година.
Потоа е видена покрај албанскиот, црногорскиот и хрватскиот брег. Институтот преку социјалните мрежи ги предупреди граѓаните доколку ја сретнат да избегнуваат директен контакт доколку е можно, а доколку не внимателно да постапуваат со неа.
Освен отров, овој вид има и силна вилица со остри заби, така што неговиот гриз може да предизвика сериозни повреди, а често ги гризе и мрежите на рибарите и ги уништува нивните улови.
Извор: Мондо.рс