Јужнокорејската глумица и модел Јунг Чае Јул е пронајдена мртва во нејзиниот дом. Имала 26 години, а трагичната вест ја потврдија од нејзината агенција Management S, пренесе „Дејли Мејл“
„Мораме да ви соопштиме тажна вест која крши срца. Чае-јул не напушти на 11 април“, објавија од агенцијата и објаснија дека причината за смртта сè уште не е позната.
View this post on Instagram
Глумицата се прослави во улогата во серијата на „Нетфликс“ Zombie Detective како и во I Have Not Done Mu Best и Depp.
Требало да глуми и во драмата на корејската продукција Wedding Impssible. Пред три дена на социјалните мрежи објави црно-бела фотографија на која се гледа како седи на подот со слушалки на ушите.
Фановите во коментарите се простија од неа.
„Анѓел. Почивај во мир. Пракрасна душа. Толку сум тажна“, биле само некои од нив.