(Видео) Техно журка во црква во Германија, пултот на диџеите до олтарот

Техно ритам наместо звуци од оргула пред црква во Германија. Околу 700 луѓе учествуваа на шестчасовна техно забава одржана во саботата во „Предигеркирхе“ во градот Ерфурт на истокот на Германија, забавата се одржала под слоганот „Rave like God“ .

„Беше одлично и подобро отколку што се надевавме“, рекол Ен Хајсиг, иницијатор на настанот.

Пред црквата се создала долга редица, а некои посетители со часови чекале за да влезат. Онаму каде што вообичаено стои олтарот, во саботата попладне поставени биле тројца техно диџеи, јавува германската агенција ДПА.

„Атмосферата беше весела и мирна – тоа беше навистина ентузијастичка толпа“, рекол Хајсиг.

Понудата на музика која првенствено била наменета за младите ги привлекле и постарите. Според Евангелистичката црква во Централна Германија (ЕКМ), тоа било првото техно рејв во црква во Тирингија.

Во црквата стара неколку стотини години, клупите се оттргнати настрана за голем подиум за танцување, ѕид од лед екрани со анимации правело како да е клубска атмосфера.

Танцувачката забава ја организирале „Евангелише југенд“ и ноќниот клуб „Калиф Сторч“, пренесува ДПА.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rave Like God (@ravelikegod_ef)

Scroll to Top