Музичарот и композитор од Сплит со светска кариера, во интервју зборува за внуката Алба, која на 17 април наполни девет месеци.
„Во моментов сум горд, па дури и малку загрижен за тоа каква е Хана. Затоа што од мало девојче се претвори во грижлива мајка. Инстинктот е навистина неверојатен, таа сакаше да биде мајка и ѝ се оствари. Навистина уживаме со тоа дете и е многу специфично – како и неговите родители, баба и дедо“, изјавил Тончи Хуљи, во хрватската емисијата ИН Магазин.
Тој додал дека со сопругата Вјекослава Хуљиќ, со која ги одгледале ќерката Хана и синот Иван, не сака да се меша во воспитувањето на својата внука, бидејќи светот на малата Алба првенствено го сочинуваат нејзините родители, кои носат цела одговорност за одлуките за грижата за неа и за воспитувањето. Сепак, тие се секогаш тука за нив доколку им треба помош, а на крајот го коментираше и својот зет, популарниот сплитски пејач Петар Грашо.
„Петар е лош пример за сите мажи. Човек кој е толку брилијантен во куќата, што сите пријатели што ги донесов таму со сопругите ми рекоа повеќе да не ги носам таму да го гледаат. Човекот навистина готви, тоа е неверојатно. Немам никаков совет да споделам, а нема ништо полошо од тоа кога бабата и дедото премногу се плеткаат – плеткајте се колку што тие бараат“, рекол Хуљиќ