Кениец се маскирал и облекол традиционален муслимански хиџаб за да може да игра на женското првенство во шах. Успеал да одигра два меча, но третиот пат го откриле.
Се пријавил како Милисент Авор. Облекол хиџаб и ставил наочари за никој да не може да го препознае. Иако на организаторите уште на старт им било сомнително, сепак ништо не превземале.
„Бевме многу претпазливи зашто мислевме дека се работи за религиозна муслиманка“, рекоа организаторите. Но работите им станале многу сомнителни откако ја победил поранешната шампионка Глорија Џумбу и најдобрата шахистка од Уганда, Ампаира Шакира.
Тогаш реагирале и го однеле на испитување. По неколку поставени прашања сфатиле дека не е жена, туку маж. Авор рече дека се пријавил на турнирот заради наградата од 3.800 долари. Живеел во голема сиромаштија. Неговиот вистински идентитет не бил објавен.