Познати личности кои не дојдоа на крунисувањето на кралот Чарлс

Голем број од светските ѕвезди викендов не беа на крунисувањето на Чарлс во Вестминстерската опатија. Некои не беа поканети, а некои одлучија да не се појават. Една од нив беше Меган Маркл, сопругата на принцот Хари.

Хари дојде од Калифорнија, а Меган ја остави сама со тригодишниот Арчи и едногодишната Лилибет. „Дејли телеграф“ пренесе дека желба ѝ била да го прослави четвртиот роденден на Арчи, кој беше на денот на крунисувањето.

Медиумите објавија дека Меган одлучила да остане дома, затоа што не била задоволна од одговорот на писмото кое му го испратила на Чарлс.

Бившата снаа на Чарлс и сопруга на принцот Ендру, Сара Фергусон, исто така не дојде на церемонијата. Двајцата се разведени од 1996 година, но Фергусон и понатаму ја носи титулата војвотка од Јорк. Рече дека сè уште живее со принцот Ендру во Кралската ложа, од која неодамна беше замолен да си замине.

И братот на принцезата Дајана, Ерл Сепенсер, рече во февруари дека не очекува да биде повикан на крунисувањето. На прашањето дали ќе му биде одобрено место, за подкастот Off Air, со Џејн Гарви и Фи Гловер, рече дека нема да дојде и дека поканети биле само 2000 луѓе.

„Рече дека тој ден размислувал за покојната сестра која починала на 36 година во сообраќајната несреќа во Париз во 1997 година. Сестрата на Дајана, Сара Мекоркодејл која кратко излегуваше со кралот Чарлс и Џејн Фелоуз, исто така не присуствуваше на службата во Вестминистерската опатија.

Пејачката Адел одби да настапи на крунистувањето, а засега причината не објавена. Адел се откажа и од прославата за кралицата Елизабета минатата година поради проблемите со густиот распоред.

Покрај Адел, на крунисувањето не дојде ни Сер Елтон Џон, кој има долги години добри односи со кралското семејство. Беше близок со принцезата Дајана и Хари и Меган. Џон бил поканет да настапи, но неговиот тим потврди дека одбил поради презафатеност.

 

Scroll to Top