Австралискиот диџеј Иан Бел почина од срцев удар

Австралискиот диџеј и музичар Иан Бел почина на 61 година од срцев удар. Музичарот починал во Париз додека бил на одмор со семејството, а заедно требало да патуваат на Евросонг во Ливерпул, пренесува The Advertiser.

Бел почнал да се занимава со музика во 1980-тите, а во текот на кариерата соработувал со бројни светски музичари. Меѓу нив се и Рита Ора, Мел Си од популарната група „Спајс Грлс“. Многумина го нарекуваа и експерт за поп културата.

Неговите интервјуа, рецензии и фотографии се објавени во бројни публикации и музички веб-страници, а тој редовно настапувал и на фестивалот Big Day Out. Зад себе ги остави сопругата Џордан, ќерката Руби и сестрите Сузан и Џенет.

Scroll to Top