Албанската евровизиска претставничка Фамиља Кељменди го привлече вниманието на јавноста откако земјата се пласираше во финалето на Евровизија, кое се одржува во Ливерпул. Фамиља и Аљбина Кељменди, кои ја претставуваат Албанија, на прес-конференцијата одговараа на прашања на новинарите.
Тие две се родени во Пеќ и изјави дека сега најверојатно е лудница во нејзиниот роден град, а потоа ја спомна и „Голема Албанија“.
„Ние сме иста крв, од иста националност, Косово и Албанија се како брат и сестра, а ние имаме мајка голема Албанија“, рече Кељменди.
За потсетување, финалето на Евровизија ќе се одржи во сабота.
Комплетната листа на финалисти ја сочинуваат: Србија, Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Норвешка, Албанија, Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија, Словенија.
Меѓу финалистите се земјите кои директно се пласираа во финалето, а тоа се Шпанија, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и минатогодишниот победник Украина.