Сузан Сарандон е уапсена во Њујорк по протестот за зголемување на минималната плата

Холивудската глумица Сузан Саранда се најде зад решетки откако присуствувала на протестот во Њујорк, во знак на поддршка за зголемување на минималната плата за работниците во рестораните кои добиваат бакшиш. Законодавците во Њујорк подготвуваат закон со кој се зголемува минималната плата на 17 долари на час, но тој не важи за работниците во рестораните на кои им се дава бакшиш.

76 годишната Саранда која неодамна ја прослави свршувачката на ќерка ѝ Ева Мури, беше една од осумте активисти од One Fair Vage, кои беа уапсени. По испрашувањето и процесуирањето на случајот сите биле ослободени. Пред да биде уапсена, Саранда зборуваше на митингот за тоа колку работниците се важни.

„Ова се многу важни луѓе и треба да се третираат достоинствено, не само заради напорната работа која ја вршат, туку и поради она што треба да го направат за да комуницираат, да разберат и да бидат трпеливи и сите работи што се поврзани со еден успешен бизнис“, рече Сарандон.

 

Scroll to Top