(Видео) Ѓоковиќ се расплака додека зборуваше за масакрите во Србија

Новак Ѓоковиќ со победа стартуваше настапот на Мастерсот во Рим. Српскиот тенисер победи во второто  коло над Томас Ечевери со 7:6, 6:2.

На крајот од мечот даде изјава за натпреварот, но и за се што и се случи на Србија. Не можеше да ги задржи солзите:
„ Би сакал да им кажам на сите дека најискрено ми е жал. Не сум имал можност до сега да и се обратам на јавноста во врска со овој масакр. Моето најискрено сочувство до сите семејства на починатите деца. Јас сум родител на две мали деца и можам само да замислам како се чувствуваат тие родители. “, низ солзи рече Новак.

Scroll to Top