„Лет 3“ со ружи во газовите ја распаметија публиката во клуб во Ливерпул

Хрватската група „Лет 3“ ја распемти публиката во ноќниот клуб во Ливерпул. Првпат по шест години Хрватска се врати во финалето на Евросног и се вистинска атракција.

“Благодарение на овие прекрасни луѓе, Хрватска повторно е во финалето, баш ни  фалеше“, извика водителот од бината на ноќниот клуб Ливерпул „Супер клуб“ на улицата Бландел.

Летовци ја изведоа „Мама ШЧ“ и не беа единствените брадести момци со шминка и сјај на очните капаци, оти имаше и такви еден куп во публиката.  „Лет 3“ со својот настап ја збуни публиката кога влегоа среде песна со ружите во газот, кореографија која ја практикуваат со години. Мобилните телефони светкаа, се слушеш врескање. Клупската сцена на тој град ги има свои фаворити.


Scroll to Top