Полицаец со пендрак го удри по глава ракометарот на Вардар, Филип Талески во финалето меѓу Вардар и Пелистер по завршувањето на натперварот кога се случи инцидент во салата.
[/video]Завршницата на Куп натпреварување се играше во Охрид во салата „Билјанини извори“, каде вардарци сега имаа повеќе нерви и концентрација и успеаја да остварат минимална победа, но доволна за нов Куп трофеј.
Вардар славеше со 26:25 и го одбрани трофејот во второто најважно натпреварување воземјава.