Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон учествуваше во воведната секвенца на финалето на Евровизија. Таа им се придружи на мноштвото изведувачи за воведниот дел. Со кратка, инструментална изведба на пијано, создадена од Џо Прајс и Којо Семјуел, а снимена претходно овој месец во замокот Виндзор.
Не е првпат Кејт да свири клавир на јавен настан – во декември 2021 година, таа учествуваше на божиќен концерт и го придружуваше пејачот Том Вокер на клавир во песната „For Those Who Can’t Be Here“ посветена на оние кои починале од ковид.
A #Eurovision surprise 🎹
A pleasure to join Kalush Orchestra in a special performance of last year’s winning @eurovision entry.
Enjoy the show, Liverpool 🪩 pic.twitter.com/y4WDuWvOvb
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) May 13, 2023
Синоќешната финална вечер на Евровизија ја отвори програмата „Гласови на новата генерација“
Во него се појавуваат минатогодишните победници , украинскиот бенд „Калуш оркестра“, кои ја изведуваат својата победничка песна „Stefania“ од метро станицата Плоштад на независноста во срцето на Киев, Украина.
На групата ѝ се придружуваат голем број британски икони, вклучувајќи ги принцезата Кејт, Ендрју Лојд Вебер, Сем Рајдер, госпоѓа Бенкс, Балет Блек, Болт Стрингс и Џос Стоун.