Вчера вечерта во полната Загребска Арена фолк пејач Ацa Лукас настапи за петтиот роденден на Радио Екстра ФМ. Контроверзниот поранешен рокер и член на групата Викторија во осумдесетите години на минатиот век, во деведесетите стана регионална фолк ѕвезда свирејќи на сплавови во Белград.
-Сега сум сигурен во мојата популарност во Загреб. Се чувствувам одлично и едвај чекам да излезам на сцената, изјави тој.
Што се однесува до изборот на песната за Евровизија, Лукас рече дека ги слушал „Мама ШЧ“ на хрватската група Лет 3, како и „Само ми се спие“ на српскиот пеач Лук Блек им посака успех, иако признава дека не му се допаднало овогодинешното натпреварување.
-Не се знае која е полоша песна, нашата или вашата. Хрватската е малку помала трагедија од нашата. Таа манифестација стана сосема неважна, што е ова – не знам. Се сеќавам на АББА, Молитва, вашата Марија Магдалена. Ова е ужас, рече Лукас.