Британскиот рок пејач Род Стјуард стана дедо

Британскиот пејач Род Стјуард стана дедо. Во петокот син му Лиам Стјуард сo сопруггата Никол Артукович го добија синот Луис Марк Родерик Стјуард. Убавата вест ја сподели Лиам на „Инстаграм“, кој сликаше син му во дресот на фудбалскиот тим „Селтикс“.

„Добредојде дете“, напиша Лиам и додаде дека син му сега има американски, британски и корени од Нов Зеланд и Хрватска. Голем број пријатели им честитаа.

„Добредојде преубав анѓелу. Честитки, прекрасен е“, му напишаа тие.

За потсетување, Лиам и Никол на почетокот на годината открија дека ќе станат родители. Никол влече корени од Хрватска и досега голем број од летата ги поминаа во Дубровник, од каде се баба ѝ и дедо ѝ.

Род во 2011 година доби внука од ќерка му Кимберли. Пејачот има осум деца со пет различни жени.

 

 

 

Scroll to Top