Гол маж е снимен како лежи на улица и симулира пливање. Случајни минувачи во местото Градишка го снимија и за брзо ја контактирале полицијата. Оттаму велат дека лицето било уапсено. Сопштија дека бил пијан кога се соблекол гол и почнал да плива на улицата.
Кога го тестирале нивото на алкохол во крвта му било 1,42 промили.
„Уапсениот, кој се сомничи дека го нарушил јавниот ред и мир и се движел под дејство на алкохол на улица, ќе биде изведен пред Основниот суд Градишка за понатамошна постапка“, се наведува во соопштението.