„ТМЗ“ го објави новиот документарец за Бритни Спирс, во кој се зборува за годините додека била под старателство на татко ѝ и тепачката со нејзиниот сопруг Сем Асгари. Фановите веќе подолго време се загрижени поради честите испади и необичното однесување на социјалните мрежи.
Некои веруваат и дека тоа не е вистинската Бритни и дека е заменета со двојничка. Во документарниот филм „TMZ Investigates: Britney Spears: The Price of Freedom“, кој беше премиерно прикажан во вторникот на Fox, се прикажани сите нејзини мрачни тајни.
Бритни не се поврзува со овој филм ниту пак учествувала во неговото создавање, а не најавила ништо за неговото прикажување. Нејзиниот сопруг пак Сем Асгари ги нападна „ТМЗ“ за филмот и ја предупреди публиката и фановите да не веруваат во сè што ќе видат на интернет и телевизија.
Документарниот филм кој го направи „ТМЗ“, содржи бројни бизарни и досега непознати детали од животот на Бритни која долги години беше под старателство на нејзиниот татко и времето откако ја доби судската битка и конечно почна да живее слободно.
Извршниот продуцент на „ТМЗ“, Чарлс Латибудиер, во документарецот наведе како Бритни поголемиот дел од времето го минувала дома и живеела во виртуелна изолација. Уредникот на филмот Бред Аплетон, откри дека понекогаш излегувала надвор да медитира.
Според други извори, често се сончала покрај нејзиниот базен и одела во вежбална. Една од бизарните работи кои се наведени во документарецот е дневната доза кофеин која ја земала дневно.
Харви Лин, основачот на „ТМЗ“, тврди дека Бритни дневно пиела по литар кафе, енергетски напитоци и чај од глуварче и дека затоа имала мрачни епизоди.
Бритни ги демантираше ваквите тврдења уште пред да излезе филмот ѝ рече дека пиела само сок од лубеница. Во документарецот се споменува и нејзиното спиење. Главниот уредник Фабиан Гарсиа рече дека анонимен извор му открил дека Бритни понекогаш спиела со денови.
„Поенкогаш спиеше три дена по ред. А потоа следните денови не спиеше воопшто“, рече изворот и откри дека пејачката сакала да чита книги додека била будна. Новиот филм има и вознемирувачки работи, а една од нив се фасцинацијата на Бритни со ножевите.
Основачот на „ТМЗ“, тврди дека Бритни откако ја доби битката со татко ѝ на суд за оспорувањето на старателството ѝ било препорачано да нема ножеви во нејзина близина. Откри дека повеќе извори му откриле дека пејачката сака ножеви повеќе од вообичаено.
„Ми рекоа дека ѝ е страв некој да не дојде среде ноќ, да ја врзе за инвалидска количка и да ја однесе во психијатриска болница. Еден од изворите ми откри дека ужасно се плаши дека повторно ќе биде институционализирана“, рече тој.
Ова не се првите тврдења за нејзината фасцинација со ножевите. Минатата година сестра ѝ Џејми Лин Спирс (32) во своите мемоари „Things I Should Have Said“ ја обвини дека ја заклучила во соба и замавнала со нож пред неа.
Во документарецот се тврди дека Бритни често имала проблеми во бракот со Сем, а наводно неколку пати имало и физичка пресметка меѓу нив. Имаше проблеми и во претходниот брак, па се разведе од поранешниот сопруг Кевин Федерлајн, со кого има два сина, Шон Престон (17) и Џејден (16) и за кои „ТМЗ“ тврди дека не ги видела повеќе од една година.