Хари и Меган избегнале катастрофална сообраќајка додека ги бркале папараци во Њујорк

Принцот Хари , Меган Маркл и нејзината мајка биле вклучени во скоро катастрофална сообраќајна несреќа додека бегале од папараци,рече портпаролот на кралската двојка. Инцидентот се случил откако тие присуствувале на церемонија на доделување награди во Њујорк.
Портпаролот рече дека потерата траела повеќе од два часа и за малку ќе завршело со судир со повеќе возила, пешаци и полицајци.


„Иако да се биде јавна личност доаѓа со извесен интерес на јавноста, тоа никогаш не би требало да биде по цена на нечија безбедност“, рече портпаролот на двојката.
Хари и Меган присуствувале на доделувањето на наградите на фондацијата Жени со визија во Менхетн и биле придружувани од нејзината мајка Дорија Регленд. Во бркотницата по Хари и Меган, според портпаролот на двојката, наводно учествувале повеќе од пет возила, при што имало и поминување на црвено светло, возење по тротоар како и опасни маневри.

Scroll to Top