Пирс Броснан го прослави 70. роденденот во друштво на мајката и сопругата

Пирс Броснан го прослави 70. роденден во друштво на сопругата Кили Шеј Смит и мајката сѝ Мери Меј Смит. Поранешниот Џејмс Бонд ги изведе своите две омилени личности на ручек во ресторан во Малибу. Мајка си ја држеше за рака, а со сопругата разменуваше бакнежи пред фотографите.

Броснан, кој го глумеше 007 во четири филма – последниот „Умри друг ден“ од 2002 година, беше забележан како пристигнува со двете дами во ресторанот „Нобу“. Кили и Пирс се во брак 22 години и ја имаат една од најубавите љубовни приказни во светот на славните. Се запознале во 1994 година во едно кафуле во Мексико, а актерот тогаш минувал низ тежок период. Неговата прва сопруга Касандра Харис, со која бил во брак 11 години, починала од рак три години претходно.

 

„Таа ја има таа сила во себе без која не би можел да живеам. Кога ќе ме погледне, целиот се топам. Да барав милион години, немаше да можам да најдам жена како Кили“, изјави актерот во едно интервју. Пирс и Кили се венчаа во 2001 година и имаат два сина, манекенот Парис и актерот Дилан.

Актерот во текот на годините се соочувал со негативни коментари за сопругата бидејќи се здебелила, притоа нагласувајќи дека „не му треба никаков супермодел, туку вистинска жена“.

„Ја сакам нејзината виталност, нејзината страст,“ рече Пирс во едно интервју. Тој призна дека не само јавноста ја коментира фигурата на неговата сопруга, туку и нивните пријатели. Во една пригода ѝ понудиле да ѝ платат за операција за да ја намали тежината, но тој бил цврсто против тоа.

„Ја обожавам секоја облина на нејзиното тело. Таа е најубавата жена во моите очи. А и затоа што е мајка на нашите деца. Во минатото ја сакав поради нејзината личност не само поради нејзината убавина, а сега ја сакам уште повеќе бидејќи таа е мајка на моите деца. Многу се гордеам со неа и секогаш се трудам да бидам достоен за нејзината љубов“, изјави актерот.

Scroll to Top