Му посакувам љубов на Огнен со новата девојка, вели бившата жена на водителот Амиџиќ

Поранешната манекенка Данијела Димитровска беше во брак со српскиот водител Огњен Амиџиќ. По разводот со водителот таа сега се огласи во јавноста.

„Во моментов сум многу фокусирана на мојот син и работата. Тоа е она што ме исполнува, секако тука се и пријателите и семејството, од се црпам љубов. За мене е многу важно да имам отворен и близок однос со моето семејство. Јас сум секогаш вљубена. Без разлика дали е љубовта која доаѓа од пријателите, семејството, детето, тоа е она што ме исполнува“, изјави Данијела. Димитровска откри дека на јавноста ќе ѝ го претстави новиот партнер кога ќе дојде време за тоа.

„Ќе зборуваме за тоа кога ќе дојде до тоа, никогаш ништо не сум криела, па нема да го кријам ни тоа“, изјави Данијела која зборуваше и за нејзиниот поранешен сопруг Огњен Амиџиќ и неговата нова партнерка Мина Наумовиќ, која од водителот е помлада 17 години.

„Што се однесува до тоа, јас на сите им посакувам љубов. Јас сум суштество кое цени се што е убаво и позитивно и навистина на сите им посакувам љубов и тоа е тоа“, изјави Данијела за „Блиц“.

Scroll to Top