Откако беше ослободен од обвинувањето за убиство на снимателката Халина Хачинс на сетот, холивудскиот глумец Алек Болдвин стана дедо. Ќерка му Ајрланд со сопругот ја добија ќерката Холанд.
Познатата манекенка и глумица се сликаше со бебето и откри дека сега двете ги носат имињата на земјите Ирска и Холандија. Ајрланд е единствената ќерка на Болдвин и неговата бивша сопруга Ким Бесинџер. За потсетување, Болдвин во септември минатата година го доби седмото дете со сопругата Хиларија.
Тие ја имаат и ќерките Марија Луција Викторија и Кармен Габриел и синовите Едуардо Паоа Лукас, Ромео Алехандро Дејвид, Леонардо Анхел Чарлс и Рафаел Томас. Нивното седмо дете го доби името Иларија.
Ајрланд се прослави откако потпиша договор со IMG Models во 2013 и истата година се сликаше во костим за капење за „Њујорк пост“. Вниманието го привлече кога се ишиша кратко.