Ќерката на рок пејачот Мик Џегер, Џејд, е уапсена во ресторан по напад на полицаец во ресторан на Ибица. Била уапсена со уште еден маж со кого вечера во ресторанот, па поминала две ноќи во затвор. Двајцата биле потоа однесени на суд.
Џејд ќе мора да плати казна од 1200 евра за давање отпор и 200 евра за нанесени полесни повреди, додека мажот со кого била ќе плати 800 евра отштета за полицаецот, пренесе „Ел Паис“.
Џејд го нападнала полицаецот во моментот кога нејзиниот пријател почнал да се однесува агресивно кон персоналот и гостите во ресторанот. Мажот е идентификуван со иницијали А.В. и е осуден на четири месеци затвор за напад и малтретирање.
За потсетување, Џејд е позната дизајнерка на накит и има три деца. Има две ќерки од бракот со Пирс Џексон, Асиси Лола и Амбу Исис. Од јануари 2012 година, е во брак со диџејот Адријан Филари, со кој го има синот Реј Емануел.