Боксерската легенда Мајк Тајсон откри шокантна вест за актерот Џејми Фокс (55).
„Не се чувствува добро. Велат дека имал мозочен удар. Немам поим што му се случило”, рекол боксерот, пренесува „Сан“.
Се вели дека Фокс ги поминал изминатите неколку недели во болница и сега се опоравува дома. Здравствените проблеми на актерот и се познати на јавноста од средината на април, кога неговата ќерка Корин Фокс ја сподели веста со следбениците на социјалните мрежи.
„Сакаме да споделиме дека мојот татко Џејми Фокс вчера имаше медицински компликации. За среќа, поради брзиот одговор и одличната нега, тој веќе е на пат кон закрепнување. Знаеме колку го сакате и ги цениме вашите молитви. Семејството бара приватност во ова време. Многу љубов, семејството Фокс“, напиша Корин.
Здравствените проблеми на Фокс предизвикаа проблеми на сетот на „Враќање во акција“ на Нетфликс, кој се претпоставува дека е големото враќање на актерката Камерон Дијаз (50) на филмското платно по 9-годишно отсуство од актерството.
„Ова е катастрофа, Камерон сигурно мисли „што ми требаше ова, да му се вратам на филмот“. Вистина е дека проблемите на Џејми во моментот изгледаат доста сериозни и тие претходни одложувања на снимањето може да изгледаат мини во споредба со она што може да се случи“, рекол извор за „Сан“.
Сепак, здравјето на Фокс не е единствената пречка што стои на патот на големото враќање на ѕвездата Камерон Дијаз. Имено, хаосот на снимањето настанал кога била пронајдена неактивирана бомба од Втората светска војна.
За потсетување, Џејми Фокс е наградуван актер и музичар. Доби Оскар за улогата на Реј Чарлс во филмот „Ray“ од 2004. Доби и Греми награда за најдобра R&B изведба за песната „Blame It“. Сите надежи на фановите и колегите се насочени кон брзо закрепнување на актерот за да може повторно да создава филмски успеси.