По веста дека се трага по пејачката Катарина Раутек Омажиќ, од групата Е.Т, нејзината пријателка Хана Табаковиќ откри дека пејачката е жива и здрава. Водителката Табаковиќ на Фејсбук напиша „Катарина Раутек е жива и здрава и редовно се јавува на својот мобилен телефон“.
Катарина Раутек Омазиќ, поранешната пејачка на групата Е.Т., исчезна во средата вечерта од загрепската болница „Свети Дух“. Исчезнувањето било пријавено во полиција по пријава на граѓанин за исчезноато лице.
Менаџерот на Катарина, Ренис Гржиниќ изјави дека е изненаден од нејзиното исчезнување, а за се дознал од медиумите.
„Во шок сум. Разговаравме пред некој ден, а вчера или завчера го видов и нејзиниот пропуштен повик, но бев во гужва па не се слушнавме“, изјави Гржиниќ за Вечерњи лист. Тој додаде дека Катарина пред неколку месеци им кажала дека има здравствени проблеми и дека поради тоа морала да ја откаже закажаната турнеја „Флешбек“ на која Е.Т. требаше да оди со групите Колонија и Карма.
„Таа самата тогаш предложи да најдеме нов пејач кој ќе ја замени“, рекол менаџерот. Па за турнејата, ја ангажирале пејачката Мери Андраковиќ, за нов член на Е.Т.
Исчезна хрватската пејачка Катарина Раутек од познатиот бенд Е.Т