Младиот охриѓанец Емин Алим доби благодарница од Црвениот крст во Охрид за неговата хуманитарна акција што ја реализира веќе три години. Алим кој е син на познатиот бербер Неат Алим-Шогун, бесплатно ги потстрижува сите оние кои немаат пари да му платат.
Учи во средното школо ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид и е трета година, а покрај школувањето вели дека со љубов го работи и занаетот што го научил од неговиот татко.