Младиот бербер Емин Алим од Охрид доби благодарница затоа што бесплатно ги потстрижува луѓето кои немаат пари

Младиот охриѓанец Емин Алим доби благодарница од Црвениот крст во Охрид за неговата хуманитарна акција што ја реализира веќе три години. Алим кој е син на познатиот бербер Неат Алим-Шогун, бесплатно ги потстрижува сите оние кои немаат пари да му платат.

Учи во средното школо ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид и е трета година, а покрај школувањето вели дека со љубов го работи и занаетот што го научил од неговиот татко.

Scroll to Top