(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска на индиректен начин кажала поранешната сопруга на актерот, Џенифер Гарнер.

Џенифер Гарнер беше во брак со Бен Афлек од 2005 до 2018 година. Имаат три деца, Виолет (17), Серафина (14) и Семјуел (10). Актерката остана во добри односи со поранешниот сопруг.

Гарнер често се гледаше во јавност со Алфек откако раскинаа. Таа се појави и на истите настани каде што беше Џеј Ло, но нивната средба не беше снимена.  Патувањето на Џенифер Гарнер со нејзината ќерка Серафина и ќерката на Џеј Ло, Ема (15) во Дизниленд во Калифорнија минатиот викенд беше многу забележливо. Ова ги потврди гласините за музичката ѕвезда дека во нивното семејство владее хармонија. Тоа кажува многу и за самиот брак на Афлек, за кој се пишуваше дека има бројни несогласувања во изминатите неколку недели.

Да потсетиме, Џенифер Лопез ги има близнаците Ема и Макс со Марк Ентони. Пејачката зборува за својата ќерка како небинарна личност. Џеј Ло претходно овој месец изјави дека Бен е прекрасен очув.

– Го сакаат Бен. Тој е прекрасен, прекрасен татко. За нив тој е и татковска фигура, бидејќи има три свои убави деца, а таму сме и ние – изјави таа во емисијата „ Today“.

Scroll to Top