Дива планинска коза турнала холандска туристка од карпа пред да ги нападне нејзините две пријателки, онесвестувајќи ја едната. И се се случи затоа што жените влегле на нејзина територија.
Агресивната коза се нафрлила на 64-годишна жена и ја турнала од работ на стрмна карпа. Жената паднала 20 метри надолу при што застанала на мал дел кој и го спасил животот.
Холанѓанката, чие име не се соопштува, во инцидентот ги скршила двата зглоба, што можело да биде фатално за неа. Сè се случило во ридовите на Алпујара во Гранада, на југот на Шпанија.
Локален овчар ги пронашол повредените белгиски туристи и спасувачки хеликоптер ги однел во локална болница. Спасувачите не успеале да ја пронајдат Холанѓанката и биле принудени да ја прекинат операцијата 21 час поради лошите временски услови. Службите за итни случаи подоцна успеале да ја продолжат својата спасувачка операција и успеале да ја лоцираат жената.
Лошото време го отежнало подигнувањето на жената од работ на карпата, па спасувачите биле принудени да ја засолнат во текот на ноќта во напуштена селска куќа.
Следното утро, холандската туристка била пренесена во болница каде и била укажана помош.
Експертите велат дека моментално е сезона на размножување на планинските кози во шпанскиот регион, што значи дека ибериските кози во овој период се особено агресивни.
Обично има доминантна коза која го брани своето стадо од секакви надворешни закани – а експертите сметаат дека козата била загрозена од планинарите, поради што реагирала на овој начин.
Una cabra montés desata el caos en Trevélez. Tres senderistas han tenido que ser rescatados por la @guardiacivil en el municipio granadino tras ser atacados por el animal. Nos lo cuenta Juan Cano @juancanosur en #LaOtraCrónica. 👇 Más ℹ️
🌐 https://t.co/6h0Nfshnoe pic.twitter.com/D8tKo5TY8B
— Despierta Andalucía (@DespiertaCSur) June 2, 2023