Познатиот спрски актер Сергеј Трифуновиќ е уапсен во Белград, јавуваат српските медиуми. Актерот е уапсен поради сообраќајка која се случила на 28 мај во Врачар.
Во несреќата нема повредени, но е причинета материјална штета. Трифуновиќ не бил одговорен за несреќата, но полицијата кај него нашла кокаин и канабис. По тестирањето било утврдено дека бил позитивен на кокаин, а немал ни возачка дозвола.
На 28 мај во 19 часот и 40 минути на Врачар, Белград, се случила сообраќајка незгода. Тогаш му било одредено задржување во времетраење од 12 часа поради дрога.