Во сообраќајна несреќа загина актерот Трит Вилијамс

Актерот Трит Вилијамс почина во сообраќајна несреќа. Вилијамс ја имаше една од главните улоги во познатиот филм „Коса“. Почина на 72-годишна возраст. Несреќата се случила недалеку од неговиот ранч. Додека возел мотор, го удрил автомобил, пренесе „People“.

По несреќата со хеликоптер бил префрлен во болница каде што починал, потврди неговиот агент. Неколку часа пред несреќата, актерот објави видео на кое ужива косејќи трева на својот ранч.

За потсетување Вилијамс беше номиниран за Златен глобус. Играше во голем број филмови и серии, а меѓу најпознатите му беа „Беше еднаш во Америка“, „Орелот слета“, „1941“, „Евервуд“ и други.

Беше оженет со актерката Пем Ван Сент со која имаа две деца, синот Џил и ќерката Ели.

Scroll to Top