Татко ми ме силуваше на 15 години, а кога ѝ кажав на мајка ми не ми веруваше, емотивна исповед на турската глумица Мелиса Донгел

Турската глумица Мелиса Донгел јавно сподели дека татко ѝ ја силувал кога таа имала 15 години. Мелиса не сакала да молчи за тоа, па кога ѝ кажала на мајка ѝ, таа не ѝ поверувала. Поради траумите кои ги доживеала, денес оди на терапии, а јавно прозборела за да ја заштити нејзината помлада сестра.

„Постојано работев за да не бидам дома. Немав среќно детство. За злоставувањата кои ги доживеав не ѝ кажав само на мајка ми, туку и на моите пријатели. Татко ми ме силуваше додека одев во средно школо. Не можев јавно да зборувам за тоа, затоа што ми се закануваше дека ќе ми ја расипе кариерата по глума. Не сакаше да ми даде ни да одам во школо. Имаше моменти кога посакував, па дури и се обидов да го убијам. Не се сеќавам колку пати бев хоспитализирана. Тогаш се прашав зошто дозволувам да ми го прави тоа. Но, не можев да си помогнам себе си“, рече Мелиса.

Обидувајќи да ги избрише трагите од траумите од пред неколку години, Донгел сега има бирократски проблеми поради тужбите од татко ѝ, кој во моментов е во затвор.
Сакала да го добие и старателството над нејзината помлада сестра, но татко ѝ барал тоа да му се додели на него, затоа што Мелиса имала лош живот. Тој побарал да помалата ќерка биде испратена кај неговата бивша сопруга, која во моментов живее во Русија, или државата да почне да се грижи за неа.
Сепак, мајка ѝ ја испратила назад во Турција, со образложение дека не можела да се грижи за неа. За потсетување, Донгел глумеше во популарните телевизиски серии како „Елиф“, „Нашата приказна“ и „Тропни на мојата врата“.

Scroll to Top