„Ми беше како втор татко. Многу ме сакаше. И јас него. Ќе го поздравам за последен пат. Ја чувствував неговата љубов и секогаш ме бранеше. Правев големи грешки, но тој секогаш ќе решеше сè, ми кажуваше да останам мирен и да имам трпение“, рече Савичевиќ.
Бившиот фудбалер се потсети на една случка на натпреварот меѓу Милан и Андерлехт.
„Одбив да седнам на клупа, а тренерот Капело беше бесен. По натпреварот Берлускони ми посочи дека Капело бил во право, но на сите други им објасни дека треба да ме разберат дека се љутам кога не играм и дека сум бил шампион“, рече Савичевиќ.
„Капело малку ме играше, зошто тогаш напред беа Гулит, Ван Бастен и Рајкард. И ме пушташе на терен за дваесетина минути. И му реков да ми даде да играм пет шест натпревари по ред и ќе сфати дека сум за Милан. Ако не сум, тогаш ќе си одам. Имаше разни побарувања тогаш, не бев последен дојден“, рече Савичевиќ и додаде дека голема помош имал и од тогаш хрватскиот репрезентативец и капитен Ѕвонимир Бобам.
„По многуте проблеми со јазикот, односот со градот, храната, друштвото, многу ми помогнаа Ѕвонимир Бобан. Ќе ми речеше да, не правам будалаштини, дека сум најјак од сите и да не размислувам да си заминам“, рече Савичевиќ.
Првиот човек на фудбалскиот сојуз на Црна Гора раскажал и дека одбил да прејде во Јувентус за да дојде во Милан во 1992-ра од Црвена звезда.
„Јувентус исто ме сакаше, но Ариедо Браида дојде до Белград и потпишавме. Милан беше на врвот на Европа. Вистина е дека можев да одам во Јуве, во Рома, во Монако во Франција. Бев во Црвена Звезда, освоивме Куп на европски шампиони, го победивме Марсеј во Бари. Требаше да добијам Златна топка ама му ја дадоа на Папен. Го изгуби финалето и заврши втор, но му ја дадоа зашто беше Французин“, рече Савичевиќ.
За потсетување, Савичевиќ со росонерите освои три шампионски скудета и Куп на европски шампиони кога блесна со прекраснен гол и асистенции во финале против Барселона (4:0). За црвено-црните постигна 34 погодоци на 144 настапи за Милан.