Кинезите ја создадоа првата вештачка летачка чинија. Ја креираше компанијата Shenzen UFO Power Technology, а ја крстија iUFO. Леталото е на електричен погон и може вертикално да полетува и слетува.
Кабината на пилотот е тркалезна, а куполата која го штити е проѕирна и му овозможува панормски поглед на сите страни. Околу кабината има 12 пропелери.
На кинезите им биле потребни 3 години за да ја направат оваа летечка чинија која може да достигне висина од 200 метри и брзина до 50 километри на час, но летот најмногу може да трае 15 минути.