Почина актерот Пакстон Вајтхед кој играше во култната серија „Пријатели“

Ѕвездата на култната серија „Пријатели“, актерот Пакстон Вајтхед, почина на 86-годишна возраст. Актерот, кој глумеше и на Бродвеј и беше редовен гостин во голем број емисии од деведестите , почина болница во Арлингтон, Вирџинија. Неговиот син, Чарлс Вајтхед, ја потврди веста за Холивуд Репортер.

Вајтхед стана познат ширум светот со улогата на господин Волтам, шеф на Рејчел Грин (Џенифер Анистон) во четвртата сезона на хит серијата „Пријатели“. Актерот се појави и во популарните шоуа „Фрејзер“, „Керолин на градот“, „Елен“, „Трет камен  од сонцето“, „Шоуто на Дру Кери“ и „Луд за тебе“.

Scroll to Top