Поп пејачот Саша Ковачевиќ претходните месец дена имал здравствени проблеми заради кои се повлекол од јавноста. Бил примен во Ургентниот центар на 20 мај, откако почувствувал маласканост, а лекарите откриле дека крвната слика му била многу лоша.
„Саша беше во лоша состојба кога го примивме. Му отворивме картон и почнавме со испитувања. Му направивме детални анализи. Крвната слика не му беше сјајна и лекарите сега разговараат дали да го задржат во болница за викенд или да го пуштат, па самиот тој да се јави во понеделник“, рече извор од неговиот пијар тим.
Ковачевиќ периодов беше пуштен неколку дена на домашно лекување.
„Повеќе не е во болница. Отиде дома по препорака на лекар. Тој е фин и културен дечко. Сите за него имаат само пофални зборови, а и самиот призна дека не води доволно сметка за себе. Веруваме дека работите ќе се вратат во најдобар ред и дека ќе води повеќе грижа за себе“, рече негов близок пријател.
По месец дена тешката борба со болеста се огласи и Саша, кој им се заблагодари на сите лекари и фановите, за грижата и поддршката.
„Драги мои, по месец дена отсуство од јавноста, имам потреба да ви се јавам. Пред сè сакам да ви се заблагодарам за грижата и љубовта. Сакам да испратам и голема благодарност до Ургентниот и Клинички центар кои сите овие денови водеа сметка за мене. Ви се извинувам за сите концерти на кои не се случија, но од јули продолжуваме посилно. Подготвувам нови песни и убави работи, така што за брзо ќе се дружиме“, рече Ковачевиќ.
Фановите по видеото коментираа дека пејачот многу има ослабено, веројатно поради исхраната и борбата за здравје.
View this post on Instagram