Американската пејачка Ријана која е бремена со своето второ дете се омажила во тајност. Гласините за тајната венчавката прв ги поттикна нејзиното момче, раперот АСАП Роки кој на концертот на Spotify на фестивалот Cannes Lions во средата вечерта рече:
„Сакам да ѝ ја посветам оваа песна на мојата убава сопруга во оваа сала“.
Како што објави Page Six, Ријана била во ВИП ложата во проѕирен црн фустан и му вратила со насмевка. Изјавата предизвика љубопитност кај фановите кои почнаа да прашуваат дали можеби веќе се венчале. Медиумите се обратиле до нивните претставници, но тие не сакаа да дадат коментар.
Ова не е прв пат да се зборува дека парот се венчал во тајност.
„Поздрав до свадбената веселба. Еве ја невестата“, напиша Ријана покрај фотографијата од парот на Мет Гала во мај годинава. За потсетување, раперот и пејачката врската ја започнаа во 2020 година, а во јануари 2022 година објавија дека го чекаат своето прво дете.
На 13 мај минатата година го добија синот RZA Athelston MayersАнџелес, а во февруари годинава, Ријана откри дека е повторно бремена на настапот на полувремето на Супер Боул. Двојката сè уште не го открила полот на детето, но се шпекулира дека носи девојче откако била видена како купува розова облека.