(Видео) Петар Грашо гризна обожавателка за нога на концерт во Белград

Пејачот Петар Грашо на еден од неговите концерти во Белград гризна обожавателка за нога, па продолжи со настапот. Видеото за брзо стана хит, а пејачот раскажа што навистина се случило.

„Целата ситуација беше многу симпатична. Траеше две, три минути. Девојката ја крена ногата, а на неа го пишуваше мојот стих „Јас љубов и јас постојам’. Тогаш клекнав и ја бакнав. Ја прегрнав и ѝ се заблагодарив“, рече Грашо, кој по настапот заминал во кафеана со пријателите.

Рече дека во Белград храната е одлична и дека особено обожава ќебапи и црвено вино.

„Повеќе пијам отколку што јадам. Со сопругата веќе некое време и го произведуваме. Тоа е вистинска убавина. Пресреќен сум кога пијам и сакам тогаш сум подобар човек“, рече пејачот.

 

Scroll to Top