Обожавателка на Петар Грашо, ги истетовирала неговиот потпис и името на една од неговите песни на грбот, а во знак на благодарност пејачот ѝ подари доживотни бесплатни карти за неговите концерти.
Грашо раскажа како ја запознал Маша на концерт во Марибор. Рече дека му побарала автограм и дека му ветила дека ќе го тетовира потписот и името на песната „Сакам и постојам“ на грбот.
„Маша побара мој потпис на концертот во Марибор ѝ ми рече дека ќе си го истетовира. Се насмеав мислејќи дека се шегува. Ѝ реков да ми испрати фотографија. Испадна дека не се шегувала. Драга Машо, имаш доживотни карти за моите концерти. Се надевам нема да ти биде тешко да го носиш Грашо на грб“, рече пејачот.