Пациент место патка за ручек добил глава од стаорец

Пациент во Кина, во болница место патка за руќел добил глава од стаорец. Тој нарачал јадење од кафетеријата во болницата, па се шокирал кога ја отворил кутијата со ручекот.

Ова се случува по вторпат месецов во кутијата за ручек во болничката кафетерија да биде најдена глава од стаорец, што предизвика широка дебата во јавните медиуми за безбедноста на храната во земјата.

Пациентот се лекувал во болничкиот центар за традиционална кинеска медицина во округот Ксушан, објавија државните медиуми. На интернет било објавено и видеото од главата на стаорецот во чинија, а и патката пржена со ракија, што претставува локален специјалитет во земјата.

Од болницата објаснија дека храната во кафетеријата ја обезбедува добавувач ангажиран преку владиниот систем за наддавање и дека никогаш досега не наишла на ваков проблем.

Scroll to Top