Осумнаесетгодишен фан на концертот на албанската пејачка Бебе Реџа ѝ призна на мајка му дека е хомосексуалец. Видеото го објави пејачката која прво го праша за годините, а потоа тој пред сите и неговата мајка призна дека е геј.
„Тоа е во ред. Тоа е апсолутно во ред. Сè уште те сакам. Ти си мојот син. Толку сум горда на тебе“, одговори мајка му. Моментот се случи на истиот настап на кој пејачката беше погодена со мобилен во глава. Бебе беше погодена во моментите пред да го направи со рацете двоглавниот орел.
Настапот беше прекинат, а Бебе Реџа заврши со неколку отоци и конци на главата. По настапот властите во Њујорк за „Дејли мејл“ потврдија дека Николас Малвања (27) од Њу Џерси е уапсен и обвинет за нападот на 18 јуни на концертот во Менхетен, Њујорк.
Портпаролот на полицијата рече дека со прелиминарна истрага на лице место било откриено дека 27-годишен маж на бината намерно фрлил мобилен телефон кон 33-годишна пејачка, удирајќи ја директно во лицето. Според канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен, Малвања не само што признал дека го фрлил телефонот, туку изјавил и дека му било забавувно да го направи тоа.
Моментално тој е во полиција и е обвинет. Се соочува со две точки од обвинението за напад, едно за тешко вознемирување, едно за обид за напад и едно за малтретирање. Пред судот ќе се појави на 31 јули.
По инцидентот, се покажа дека Николас е нејзин голем обожавател, а иако сè уште не е јасно зошто ја нападнал Бебе Реџа, се претпоставува дека сакал да ја спречи да се симне од бината на кратка пауза, додека била премногу блиску до публиката.
Некои од медиумите објавија дека го фрлил телефонот за да се слика со неа.