Светлана Ражнатовиќ Цеца летово ќе има неколку настапи во Македонија. На 15-ти јули ќе настапи на Мандра Фестивал во Дојран, а на 19-ти во Битола.
На фестивалот во Дојран, кој ќе се одржи на 14-ти и 15-ти јули, покрај Цеца ќе настапат и Жаре Бербер, Слаткар, Девито, диџеј Здравко и Два Бона. Локацијата е на паркингот Гранит, а влезниците се по цена од 600 денари.
Цеца е редовна гостинка во Македонија посебно во летниот период. Минатата недела направи голем концерт во Ниш каде се собраа 15.000 публика, а по концертот рече целото лето ја очекува набиена агенда.