Пејачот Мик Џегер (79) се вери со својата девојка Мелани Хамрик (36), како што објави Дејли Мејл. Минатата недела Мелани беше видена со голем прстен на раката, за што нејзините пријатели потврдиле дека се вериле.
Мелани ја споделила среќната вест со нив на патување во Њујорк.
„Мелани беше во Американскиот балетски театар и им кажуваше на пријателите дека е свршена со Мик. Беше многу јасно дека тоа е веренички прстен и дека сега е негова вереница. Нејзиното семејство знае дека се свршени и се пресреќни. Немаат планови за свадба, но веридбата и значи многу на Мелани, вели таа. Сите нејзини пријатели се среќни за неа“, изјавил извор за „Мирор“.
Мик и Мелани се собраа на отворањето на сезоната на Американскиот балетски театар каде многумина го забележаа нејзиниот дијамантски прстен.
Двојката се запозна во 2014 година, на концертот на Џегер во Токио. Пријателите на пејачката открија дека двајцата се во отворена врска, а пред шест години го добија синот Деверу. Мик има уште седум деца со пет различни сопруги, како и пет внуци и една правнука.