Жена од јужниод дел на Шпанија била ограбена од непознат измамник кој многу личел на холивудскиот глумец Бред Пит. Кратко откако се заљубила во него. тој ѝ украл 170.000 евра.
Нејзината адвокатка го пријавила случајот и поднела тужба против непознат измамник, за кој рече дека покрај тоа што ја ограбил ѝ го скршил и срцето на нејзината клиентка.
Жената се запознала со лажниот Бред Пит преку „Фејсбук“. Во 2022 година се приклучила на неговата фан страна. Мислела дека е вистинскиот глумец, па почнала романтична врска со него. Измамникот ѝ ветил дека ќе дојде да ја посети во Шпанија, па дури ѝ ветил и глумечка кариера.
Почнал да ѝ бара пари за снимањето на филмот, а за доказ ѝ испраќал фотографии од црвениот тепих со лични пораки. Лажниот Бред и напишал: Драга, навистина те сакам и ветувам дека ќе ти вратам сè“.