Jа убедил дека е Бред Пит, па ѝ украл 170.000 евра, Шпанка се заљубила во лажен холивудски актер

Жена од јужниод дел на Шпанија била ограбена од непознат измамник кој многу личел на холивудскиот глумец Бред Пит. Кратко откако се заљубила во него. тој ѝ украл 170.000 евра. 

Нејзината адвокатка го пријавила случајот и поднела тужба против непознат измамник, за кој рече дека покрај тоа што ја ограбил ѝ го скршил и срцето на нејзината клиентка.

Жената се запознала со лажниот Бред Пит преку „Фејсбук“. Во 2022 година се приклучила на неговата фан страна. Мислела дека е вистинскиот глумец, па почнала романтична врска со него. Измамникот ѝ ветил дека ќе дојде да ја посети во Шпанија, па дури ѝ ветил и глумечка кариера.

Почнал да ѝ бара пари за снимањето на филмот, а за доказ ѝ испраќал фотографии од црвениот тепих со лични пораки. Лажниот Бред и напишал: Драга, навистина те сакам и ветувам дека ќе ти вратам сè“.

Scroll to Top