Откако ја нападнаа во Њујорк, американската пејачка со албанско потекло Бебе Реџа повеќе не ризикува на концертите низ нејзината турнеја во САД. Пејачката на концертот во Лос Анџелес беше чувана од сите страни, а носеше и штитници за очи.
Бебе се појави на сцената облечена во светкаво сино црна наметка и длабоко деколте во облик на срце. Носеше светкав корсет со сатенски панталони и ракавици обложени со кристали.
Додека пееше и танцуваше, обезбедувањето стоеше пред неа на сцената во случај некој да излезе од линијата, пренесе „Дејли мејл“. На „Инстаграм“ е објавено и видео од настапот.
View this post on Instagram
За потсетување, Беба Реџа, на концертот во Њујорк беше погодена со телефон во главата. Нејзиниот тим побрза да ѝ помогне, по што настапот беше прекинат, а таа замина на шиење. Пред да ја погодат, Реџа симулираше со рацете двоглав орел, симболот на Голема Албанија.
Њујоршките власти потврдија за „Дејли мејл“ дека Николас Малвања (27) од Њу Џерси е уапсен и обвинет за нападот на Реџа. Портпаролот на полицијата изјави дека истрагата покажала дека 27-годишен маж на бината намерно фрлил мобилен телефон кон пејачката и директно ја удрил во лицето.
Според канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен, Малвања не само што признал дека го фрлил телефонот, туку рече и дека се забавувал додека го правел тоа. Моментално е во полиција и ќе му се суди на 31 јули. Се соочува со две точки од обвинението за напад и малтретирање.
По инцидентот, се покажа дека Николас е нејзин голем обожавател, а иако сè уште не е јасно зошто ја нападнал пејачката, се претпоставува дека сакал да ја спречи да се симне од бината.