Мислат дека е наркоманка и алкохоличар па дигнаа раце од неа, Гоца Божиновска за луѓето од естрадата кои не сакаат да ѝ помогнат на Ана Николиќ

По сите настани кои изминатиот период ѝ се случија на Ана Николиќ, се јави и нејзината колешка Гоца Божиновска, која имаше само пофални зборови за пејачката. Рече дека сето ова е само момент на слабост и дека Ана ќе излезе како победник.

„Таа е многу добра личност, а пред се добра пријателка. Многу ми е драга и се надевам дека ова е само момент во нејзиниот живот и дека сето тоа ќе помине. Ова е дефинитивно момент на слабост, таа е силна жена, сигурна сум дека ќе се извлече од ова“, рече Гоца.

Додаде и дека во јавноста се појавија разни шпекулации откако беше објавено видеото од Ана со рани на лицето.

„Навистина не разбирам што се случува со нејзиното лице. Не би рекла дека е ласер во прашање затоа што ги има и на рацете. Кој знае што е, сигурно е нешто сериозно. Мора да е некој здравствен проблем. Многу ми е жал што ѝ се случува ова, многу ја сакам. Само се молам на Бога да биде добро“, додаде таа.

Гоца откри и дека неодамна ја видела Ана во играчница со нејзината ќерка Тара.

„Мислам дека нема некој што не ја сака. Таа е лав. Неодамна ја видов во игротека, ја донесе Тара. Изгледаше многу убаво, беше убаво облечена и средена. Таа е многу грижлива мајка, се гледа дека се грижи за својата ќерка“, рече пејачката.

Иако е познато дека Ана има многу пријатели на естрадата, сега многу од нив не се огласуваат, а Гоца откри зошто мисли дека е така.

„Многумина веруваа во приказните дека е алкохоличар и наркоман и се откажаа од неа. Одеднаш слушнале некои приказни и веруваат дека тоа е вистина. Но, човек ни за своите најблиски не може да знае дали навистина е тоа така, а не па за други. Па и да е вистина, тогаш на Ана ѝ треба помош“, рече Гоца.

Додаде дека Ана имала многу пријатели, но дека голем број од нив сега ги нема.

„Каде се сега сите? Да ми беше мене толку тешко, ќе имав многу пријатели на кои ќе им се обратам и ќе ми се најдеа. Јас не ја гледам ни мајка ѝ да ѝ помогне. Родителот треба да биде првиот што ќе дојде на помош на своето дете. Ана е толку фина и слатка, таа е секогаш тука да те поздрави, гушне и бакне. Ова лошо влијае и на Тара. Нејзините најблиски треба да се соберат и да ѝ помогнат“, рече Гоца и додаде дека секогаш ќе биде тука за Ана, за што и да ѝ треба.

 

Scroll to Top