Српскиот ракометен голман Владимир Цупара се ожени со Ана Недиќ. Веселбата се одржа во познат ресторан во Велград, на која присуствуваа најблиските.
Меѓу гостите беа и Дејан Милосављев, Мијајло Марсениќ, Илија Абутовиќ, Димитар Маневски, Марија Лојаница, како и некои од соиграчите на Цупара во Веспрем, Андреас Нилсен, Гашпер Маргуч, Кентан Мае и други.
И овој викенд продолжува „меѓусезонската“ серија на свадбени веселби на ракометарите и ракометарките.
За потсетување, Цупара летово направи трансфер од унгарскиот првак Веспрем во романскиот шампион Динамо Букурешт.